Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас постигна атрактивен погодок на гостувањето на Торино во Болоња, истакнувајќи го својот потенцијал уште на првиот натпревар во кој доби посериозна шанса од новиот тренер.
Торино на крајот загуби со автогол во финишот, но тренерот Паоло Ваноли доби јасна порака од Елмас и очекувано е нашиот репрезентативец во иднина да има важна улога во натпреварите на својот нов клуб.
Ваноли по натпреварот дал кратко мислење за настапот на Елмас, истакнувајќи дека не е изненаден од позитивниот впечаток кој го оставил Македонецот.
– Знаеме дека Елмас е важен играч, тој го докажа тоа и со настапите во Наполи.
– Но, мора да бидеме внимателни и полека да го интегрираме во нашиот состав, а сигурен сум дека од него може да очекуваме посебен придонес во офанзивниот дел на играта, – рекол Ваноли.