Тестовите на личноста кои вклучуваат избор, оптички илузии или креативна ангажираност можат да откријат нешто интересно што можеби не сте знаеле за себе
Овој тест за проективно цртање ви помага да ги истражите вашите цели, одлучноста и пристапот кон животните предизвици.
Погледнете го внимателно недовршениот цртеж. Вашата задача е да го доцртате така што ќе добиете јасна приказна.
Начинот на кој ќе ја преминете реката и ќе стигнете до својот подарок открива колку сте одлучни и како се справувате со предизвиците.
Како го доцртавте? Што значи вашиот избор?
Ако нацртавте мост, тоа е одличен знак. Означува дека не се откажувате лесно. Колку е поцврст мостот, толку е посилна вашата волја.
Ако нацртавкте тенок мост (јажен мост, тенка греда), тоа укажува дека понекогаш животните предизвици ве прават несигурни. Идеалист сте и често сè доживувате емотивно, но верувате во убавината на своите цели.
Ако сте нацртале мост што ве „исфрла“ напред, односно отскочен мост, тоа значи дека сте амбициозни и сакате брзо и ефикасно да ги постигнете своите цели.
Ако сте нацртале животни во реката (крокодили, ајкули), тоа означува дека сте свесни за пречките, но и дека сте подготвени да ги надминете.
Ако сте нацртале река полна со риби (мирна вода), тоа означува оптимизам и позитивност. Верувате дека животот ќе ве води во вистинската насока и дека ќе постигнете успех без големи тешкотии.
Ако сте нацртале чамец, тоа симболизира флексибилност, адаптација и способност за користење на ресурсите околу вас.
Ако сте нацртале брод, тоа укажува на истрајност, трпеливост и подготвеност за долг пат до успехот.
Ако сте нацртале пливање без помош, тоа означува храброст, независност и решителност, но исто така и склоност да се соочувате со проблемите сами, без да барате поддршка.
Ако сте нацртале скок од карпа во реката, тоа покажува ризично однесување, желба за брзи резултати, без оглед на последиците.
Ако сте нацртале пливање со спасувачки елек, тоа симболизира претпазливост, фокусираност на безбедноста и страв од непознатото.