[ВИДЕО] „Трамп врие од бес“: Она што синот на Маск го направил по чепкањето на носот во Овалниот кабинет ги шокирало сите!

Точка

13/02/2025

16:20

2.759

Големина на фонт

а а а

Синот на Илон Маск, четиригодишниот X Æ A-Xii Маск, за време на посетата на Белата куќа ги размачка мрсулите на масата во Овалната соба кај Доналд Трамп. Така барем изгледа од снимката која го преплави интернетот.

Додека поранешниот американски претседател Доналд Трамп и извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, разговараа за формирањето на Одделот за владина ефикасност (DOGE) на прес-конференција на 11 февруари, малиот го привлече вниманието на присутните со својата разиграност. Помина добар дел од времето со прстите длабоко во носот, непочитувајќи ги формалностите на протоколот.

„Ова е Икс, одлично момче – висок коефициент на интелигенција“, рече Трамп, претставувајќи го малиот посетител на собраните новинари „Високо интелигентна личност“, го опиша тој.


И тогаш високоинтелигентниот Икс размачка мрсули на масата на Трамп, каде што седеле бројни американски претседатели од 19 век.

Покрај тоа, тој ги имитирал движењата на татко му, фаќајќи го за ногата, додека не завршил на рамениците на неговиот татко. Маск, и покрај лудорите на неговиот син, се насмеа и рече: “Се извинувам за ова. Нормално би уживал во овој настан, но тешко е кога ми ги пика прстите во ушите”.

Реакциите на неочекуваната авантура на малиот Икс брзо стигнаа до социјалните мрежи, каде што се огласи и неговата мајка, музичаката Грајмс. „Тој не треба да се однесува вака во јавност“, напиша таа на платформата „Икс“, „Не го видов ова, благодарам што ме известивте. Но, мило ми е што беше љубезен. Ех“.