[ФОТО] Славниот пејач се најде на мета на критики поради дизајнот на билетите за концертот во Њујорк: „Кој го одобрил ова?“

Точка

12/09/2026

11:00

448

Големина на фонт

а а а

Хари Стајлс се најде на мета на критики откако некои обожаватели на социјалните мрежи објавија фотографии од билетите за неговите концерти во Њујорк.

Особено внимание привлече илустрацијата на задната страна од билетот, која некои обожаватели ја оценија како несоодветна бидејќи се појави само неколку дена пред 25-годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година.

Стајлс моментално престојува во Њујорк, каде што во рамките на турнејата „Together, Together“ има голема серија концерти во „Медисон Сквер Гарден“. На еден од билетите за неговиот концерт е прикажан жолт автомобил кој лета над „Емпајр Стејт Билдинг“, оставајќи трага зад себе. На илустрацијата, како што изгледа, се наоѓа и лик кој го претставува британскиот музичар.

Фотографијата од билетот брзо се прошири на социјалните мрежи, а дел од корисниците сметаат дека илустрацијата е особено невнимателно избрана со оглед на датумот на концертот.

„Да го ставите ова на задната страна од билетот во неделата кога се одбележува 11 септември е е*ено лудо. Слатко е, но се плашам дека ова не беше добра идеја“, напиша една корисничка на социјалната мрежа Икс.

Други беа уште подиректни во критиките.

„Брате, ова е лудо“, напиша еден корисник, додека друг праша: „Кој, буквално, го одобрил ова?“

Сепак, сите не видоа проблем во илустрацијата. Дел од обожавателите сметаат дека таа нема никаква скриена порака и дека претставува мотив на патување и љубов, без намера да потсетува на трагедијата од 11 септември.

„Само цинични луѓе би ја поврзале оваа илустрација на билетите со трагичниот терор од 11 септември! Всушност, за мене ова уметничко дело е прекрасно и има ист изглед и впечаток како прекрасното и култно уметничко дело на албумот на Битлси ’Yellow Submarine‘ од 1969 година“, напиша еден корисник.

Дискусијата се појави во пресрет на 25-годишнината од терористичките напади во Соединетите Американски Држави. На 11 септември 2001 година, два киднапирани патнички авиони удрија во кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк, а во нападите вкупно загинаа речиси 3.000 луѓе.


Стајлс ќе одржи вкупно 30 концерти во „Медисон Сквер Гарден“, почнувајќи од крајот на август па сè до Ноќта на вештерките. Пред да пристигне во Њујорк, настапувал во градови како Амстердам, Лондон, Сао Паоло и Мексико Сити, а по американската турнеја го очекуваат концерти во Австралија, односно во Мелбурн и Сиднеј.

Во меѓувреме, пејачот дополнително го зголемил интересот на обожавателите со најавата на нови датуми од турнејата за следната година. Стајлс, кој светската слава ја стекна и како член на групата „One Direction“, преку е-пошта им се обратил на своите верни обожаватели и ја сподели со нив веста за продолжувањето на турнејата.


„Кога одлучивме да тргнеме на турнеја во 2026 година, знаев дека ќе биде посебна, но она во што вие ја претворивте беше далеку над сè што можев да замислам“, порачал Стајлс.

Неговата порака привлече дополнително внимание поради завршниот дел, во кој остави можност по турнејата да направи пауза.

„Потоа, не знам што ме очекува, но знам дека сум возбуден што ќе го дознаам тоа“, заклучил пејачот.