Јутјуберот Брајан Џејмс неодамна сподели видео во кое ја покажува како изгледа семејната кабина на крузерот "Royal Caribbean Utopia of the Seas", кој е еден од најголемите на светот.
Луксузната кабина чини 4.000 долари (3838 евра) по ноќевање. Брајан работи како музичар на крузерот, а се вклучил на 22 октомври минатата година и ќе остане на бродот до 7 март.
Што вклучува апартманот?
Апартманот е опремен со интересни карактеристики, а една од нив се скалите кои свират клавирски тонови додека одите по нив. Тука има и електронски завеси, а детската соба е опремена со кревети на кат, при што секој кревет има сопствен телевизор и слушалки.
Кабината се простира на два ката, со вкупно три спални соби. Брајан покажа пространи бањи, ѕидови со обоени прозорци и огромна магнетна табла за деца. Специјален хит е внатрешниот спуштен тобоган кој води од горниот кат до долниот.
Апартманот има и приватна киносала со најнови конзоли за игри.
Приватен батлер достапен 24 часа дневно
Брајан покажа како на терасата има хидромасажна када, пингпонг маса и простор за јадење со прекрасен поглед на море. Гостите на апартманот добиваат и приватен батлер, кој е достапен 24 часа на ден и ги исполнува сите нивни желби.
Видео објавата привлече големо внимание, а многумина останаа изненадени поради необичните содржини.
„Оваа кабина е огромна!“, „Бидете искрени, "Royal Caribbean" едноставно е класа за себе“ и „Јас би полудел од тие музички скали, сигурно децата постојано би трчале нагоре-надолу“, се некои од коментарите.