Од 2011 година, тој го претставува Хаити на големи натпреварувања, каде што добива специјална покана. Тренира сам, има свое комбе, сам си ја купува опремата и рекреативно вежба околу еден месец годишно во француските зимски центри – и тоа е сè. Првпат застанал на скии како дете во далечната 1975 година.
Спортот пишува неверојатни приказни, а најчесто тоа се случува на големи натпреварувања, како Светски првенства или Олимписки игри, каде што учествуваат земји што немаат никаква традиција во одреден спорт. Така ќе биде и оваа година на Светското првенство во скијање во австрискиот Саалбах.
Човекот што никогаш не се откажува се вика Жан-Пјер Роа и доаѓа од островската држава Хаити. Роа ќе го претставува Хаити во велеслалом и слалом, натпреварувајќи се во квалификациските трки. Роден е во 1963 година, што значи дека оваа година ќе наполни 62 години, а својата земја редовно ја претставува на Светски првенства и Олимписки игри.
Информатичарот што создаде скијачка федерација
Роа живее во Париз и по професија е информатичар. Во слободно време рекреативно се занимавал со скијање, а пред 14 години дошол до интересна идеја – да основа скијачка федерација на Хаити.
Благодарение на него, оваа мала островска држава денес има официјален скијачки тим, иако снег на Хаити нема ни на разгледниците, а камоли во реалноста.
Од луда идеја до реалност
Оваа неверојатна идеја станала реалност и Хаити има свои претставници во скијањето.
Иако нивното учество е егзотично, а заостанувањата зад водечките натпреварувачи понекогаш се и повеќе од една минута, сепак е голема работа што една земја како Хаити воопшто учествува на зимски натпреварувања.
Роа го претставува Хаити на големите натпреварувања од 2011 година, каде што добива специјални покани. Тренира сам, сам ја купува својата опрема и рекреативно вежба околу еден месец годишно во француските зимски центри.
Првпат застанал на скии во 1975 година, како дете. Денес, со 61 година, продолжува да го следи својот сон и ја претставува својата земја на најголемите зимски спортски сцени.