Со дом во комплексот We and Nature ќе ги вратите насмевките на вашите најмили и ќе обезбедите спокојна иднина.
Недостигот на физичка активност во природа и чист воздух во периодот на растење на децата, предизвикува алармантни последици. Податоците велат дека секое второ дете, се лекува на клиниката за белодробни заболувања за што главен причинител е загадениот воздух во градските средини. Времето поминато пред електронските уреди, води до дигитален аутизам, асоцијалност, а недостигот од сончеви зраци до рахитис и други аномалии во физичкото здравје. Се прашувате дали можете да овозможите елементарни услови за правилен развој на децата, а сепак да сте близу до урбаната средина?
Безволни изрази пред екраните, лоша моторика, анксиозност, слаб имунитет, за честа слика кај децата од најмала возраст, до адолесценција. Времето поминато пред електронски уреди научно е поврзано и со прекумерна тежина, нередовност и намален квалитет на сон, проблеми со однесувањето и комуникацијата и проблеми поврзани со социјалната интеракција.
Исто така, според статистиките на Светска банка, аерозагадувањето во Македонија убива 1.350 луѓе годишно, а децата се најосетливата група, затоа што имаат организам во развој и побрзо дишење, а со тоа и побрзо внесување на загадените материи во телото. Болестите на дишните патишта, се само дел од последиците од енормно загадениот воздух. Недостигот од кислород ги намалува и когнитивните способности, влијае на расположението, а според некои истражувања е поврзан и со некои видови на невролошки нарушувања. Кога станува збор пак, за времето поминато на сонце и чист воздух, секако е клучно во развојот на децата и за превенција од деформитети на коските, како што е рахитисот кој е директно поврзан со витаминот Д, што се впива од сончевите зраци.
Загрижувачките податоци за лошиот психофизички развој на новата популација, поттикна на бројни истражувања и научни студии во целиот свет, од кои главниот виновник исплива „дефицитот од природата“ односно оддалечување од природна околина.
Овој „непријател број еден“ на здравиот детски развој го хранат потребите на модерното живеење во градски средини, и навиката училиштето, работата, и сите останати активности да ни бидат во непосредна близина. Навикнати сме да бидеме затворени во институционални, деловни и станбени објекти во главниот град, објекти во кои најчесто не е безбедно ниту да се отвори прозорец за вентилација на чист воздух, во седечка положба со погледите вперени во електронски уреди.
Незадоволни и заситени од ова урбано темпо, кога ќе најдеме време, повторно со автомобил, одиме со семејството на ден или два, до некое излетничко место, колку децата да не заборават како изгледа зелена површина, да вдишат кислород, да поиграат безбедно на ливада. Вдомуваме и домашен миленик да ја намалиме осаменоста на децата, но наместо слободна игра со кученцето, мораме да внимаваме и на неговата безбедност на прошетка по улиците. Дали е ова доволно и дали е тоа се што можеме да направиме да го смениме квалитетот на животот и да ги вратиме здравите детски насмевки? Подготвени ли сме да го нарушиме нашиот „конфор“ и да ја напуштиме навиката да се живее во центарот на градската џунгла, во име на повисока цел и иднината на нашите деца?
ЧОВЕКОТ Е ДЕЛ ОД ПРИРОДАТА -“WE AND NATURE” ТОА ДОБРО ГО ЗНААТ
Потребата за опкруженост со природа е вткаена во нашата генетика, а децата то најдобро го чувствуваат. Затоа, нема никаква мистерија околу тоа каков е ефектот од времето поминато во природа, а и науката се произнесла со бројни аргументи околу ова. Според некои студии, времето поминато во природа допринесува за намалување на стресот како и за подобрување на концентрацијата и фокусираноста. Луѓето кои поминувале време во природа, имале подобрено емоционално здравје и помало чувство на општествена изолираност. Живеејќи или движејќи се близу зелени површини како паркови, полиња или градини, си ја зголемувате шансата и можноста за надворешни активности (трчање, пешачење, градинарење, играње и сл.) Ова секако го подобрува менталното и физичко здравје кај возрасните и кај децата.
Сите овие фактори, беа основен движечки мотив за креирање на резиденцијалниот комплекс We and Nature www.weandnature.com, во кој освен најважните егзистенцијални потреби од идеален дом во природа со чист воздух е надграден и обезбедува се што сте помислиле дека ви е потребно, а ви изгледало невозможно да биде содржано на едно место. И сето тоа на само петнаесетина минути од центарот на Скопје.
ШТО СЕ ДОБИВАТЕ СО ВСЕЛУВАЊЕ ВО КОМПЛЕКСОТ “WE AND NATURE”?
Непречено струење на сто проценти чист воздух во текот на сите годишни сезони, од падините на Скопска Црна Гора е само еден од многуте причини да се мигрира домот од градската средина, без притоа да се наруши комфорот и потребата од градскиот живот. Сонот да се врати безгрижноста на секојдневието во домот и неговото опкружување, каде што оние мали радости како мезенце и скара со соседите, додека дечињата играат и другаруваат во несообраќајна зона пред вашите очи, а на лето да можете да се опуштите со коктелче и сладолед покрај базен, We and Nature www.weandnature.com, го претворија во реалност.
Спој од сите вообичаени, традиционални потреби и модерно живеење кое го налага денешницата, со исклучителен квалитет во градбата, ја креираа атмосферата со која е направен овој комплекс за вашиот нов дом, во кој истовремено се „прегрнуваат“ и приватноста и квалитетната социјализација.
Куќите и инфраструктура која е на располагање на секој од косопствениците е во дворна површина од 13.000 квадратни метри.
Во севкупната спортско-рекреативната инфраструктура во рамките на комплексот, во која има игралиште за баскет, потоа игралиште за одбојка на песок, а подготвено е и целосно ново социјално катче за децата, со лизгалки, клацкалки, лулашки, гранде трамболина и сл, и тоа стратешки лоцирано пред терасата на заедничкиот простор, за да можат родителите спокојно да ги набљудуваат своите деца со чаша винце, додека си го користат и времето за себе или се социјализираат.
А доколку имате потреба и од најразлични работни активности или едноставно сакате да организирате настани за личен развој или пак незаборавни прослави на располагање ви стои просторот од 100 квадратни метри, со претходна најава во системот за резервации каде членуваат сите жители на комплексот.
ПОСЛЕДНИОТ ЗБОР ЗА ЕНТЕРИЕРОТ ГО ДАВАТЕ ВИЕ, А НИЕ ИСПОЛНУВАМЕ
Оригинални модерни линии кои се беспрекорно архитектонски осмислени за надворешниот изглед на куќите, кои имаат внатрешна површина од 250 м2, позиционирани на два ката + гаража се брендот на We and Nature www.weandnature.com. Водевме сметка за просторна организација која одговара за потребите на едно семејство, за ефикасно искористување на внатрешната површина, но оставаме последниот збор за деталите да биде ваш, со комплетна изведувачка логистика од наша страна. Така, во We and Nature, куќите се еднакви однадвор и истовремено прекрасна база секое семејство да си ја гради својата, единствена приказна внатре.
Куќите се нудат во облик на целосно затворена карабина, со изработена фасада, прозорци и врати и поставен приклучок за струја и приклучок до водоводна и канализациона мрежа, и геотермална (бунарска) вода. Инсталирани се 3 бунари со моќност од 10 литри во секунда.
За чистиот воздух, водевме сметка да остане таков и во домот. Фасадите на куќите се изработени од 10 cm камена волна која е многу поздрава опција од стиропорот. Камената волна е природен материјал кој овозможува ѕидовите да дишат, за разлика од стиропорот кој го блокира протокот на кислород. Ова е исклучиво значајно во зимскиот период кога просториите поретко се вентилираат. Непреченото дишење на ѕидовите спречува внатрешна кондензација и влага во просториите, а со тоа не се дозволува таложење на бактерии и штетни микроорганизми, со што е гарантирана и долготрајноста и немате потреба од постојани реновирања а воздухот во објекти како овој, изолирани со камена волна е 100% чист.
До вашиот нов дом е обезбедена и гаража на принципот лепенка до куќата со површина од 50+м2, доволна за сместување на две габаритни возила, така што повеќе нема да губите нерви за паркинг место или да се грижите за безбедноста на возилата. Секоја куќа има и сопствена тераса од 40м2 во дворот или на 16м2 на горниот кат кој нуди прекрасен поглед.
И кога ќе почнат летните горештини, освен што нема да имате специјална потреба од нездрави климатизирани простории или долго возење до некој јавен базен или излетничко место, во склоп на заедничка инфраструктура и на располагање на сите жители на комплексот е сместен и базенот со површина од 10м х 5м, во кој има и дел предвиден за најмалите пливачи. Тука, во непосредна близина до домот неколку месеци ќе бидат вистински рај за вашето слободно време, да впивате сончеви зраци, во мирно опкружување со музика, книга или пијалок во рака.
Уште денеска размислете, дека секогаш постои подобар алтернативен начин да се живеат урбаните потреби и истовремено да се создаде дом од соништата, каде што и вашето семејство во зародиш, но и идните генерации ќе дишат чист воздух и воопшто слободно со полни плуќа ќе и се препуштат на радоста да бидат блиску до природата, со максимални расположливи услови за создавање на нови спомени. Ние се погриживме, вие одлучете каде ќе доверите иднината!
Доклку го предизвикавме вашето љубопитство, со задоволство ќе ви овозможиме прошетка низ резиденцијалниот комплекс We and Nature, и трпеливо ќе одговориме на секое ваше прашање.
Сите заинтересирани можат да се обратат со исполнување на формулар на веб страницата на комплексот http://weandnature.com/contact/.
Комерцијален текст