Половина од припадниците на генерацијата З повеќе би го поминале Денот на вљубените со својот миленик отколку со партнерот, покажува најновата анкета во пресрет на еден од најромантичните денови во годината. Четвртина од возрасните помлади од 27 години велат дека животните им покажуваат повеќе наклонетост отколку нивната романтична половина, пренесува „Сан“.
Секој десетти припадник на оваа старосна група, исто така, ги става добросостојбата, желбите и сè што сака нивниот миленик пред партнерот. Истражувањето открило дека скоро половина од генерацијата З купува подароци за својот миленик по повод Денот на вљубените, а секој десетти троши меѓу 50 и 100 фунти за подарок. Наспроти тоа, скоро четвртина од генерацијата Икс (на возраст од 45 до 60 години) купува подароци за своите четириножни пријатели, додека само 12 отсто од „бумерите“ го прават истото.
Нутриционистката за домашни миленици и ветеринарна советничка Емили Бордман вели дека е феноменално чувството што милениците им носат толку многу радост на своите сопственици.
Без разлика дали станува збор за пријатна вечер, прошетка или посебно уживање, домашните миленици ќе бидат во центарот на вниманието на генерацијата З овој Ден на вљубените!
Одделно истражување на Кинолошкиот клуб во пресрет на најголемата светска изложба на кучиња, која ќе се одржи следниот месец, покажа дека скоро половина од сите сопственици на кучиња повеќе би сакале да поминат време со својот миленик отколку на романтичен состанок. За многумина, нема поголема љубов од онаа што ја делат со својот миленик.