[ВИДЕО/ФОТО] Голема акција на МВР и Царината на ГП Богородица: Откриена поголема количина на дрога во камион со македонски регистарски таблички

Макфакс

12/02/2025

13:37

1.831

Големина на фонт

а а а

Во рамки на заеднички оперативни активности на полициските и царинските службеници, спречен е обид за меѓународен транспорт на наркотична дрога марихуана.

При детална контрола на товарно моторно возило – камион со скопски регистраски ознаки, извршена на граничен премин Богородица, пронајдена е и запленета значителна количина наркотична дрога марихуана, за која дополнително ќе биде извршена форензича анализа и вештачење. Според првичните информации товарното возило влегло од Косово, кое преку Македонија требало да транзитира кон Грција, со крајна дестинација Турција, соопшти МВР.


Успешната акција, како што појаснуваат во информацијата е резултат на одличната меѓуинституционална соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи Царинската управа, и претставува потврда за заедничките напори во борбата против организираниот криминал и нелегалната трговија со наркотични средства за што во ноември 2024 година беше потпишан Меморандум за соработка.

Истрагата, најавуваат надлежните, продолжува со цел утврдување на сите инволвирани лица и начинот на организирање на транспортот. Јавноста ќе биде навремено информирана за сите понатамошни детали од случајот.