Што се случи со Советот за безбедност на ОН? Захарова: За три минути ги променивме ставовите за светската криза

Точка

25/02/2025

20:03

2.291

Големина на фонт

а а а

Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, која не ја осудува Русија, има предност во однос на резолуцијата на Генералното собрание, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го доведе во прашање искреноста на гласовите на Франција и Велика Британија при гласањето за резолуциите за украинската криза во Советот за безбедност (СБ) и Генералното собрание, укажувајќи на недоследноста во одлуките на двете европски земји.

На 24 февруари, Генералното собрание на ОН гласаше за две резолуции што се однесуваат на украинската криза. Една од нив беше подготвена од властите во Киев, заедно со неколку европски земји, и беше во антируски дух, додека другата, неутрална резолуција, беше предложена од САД.


„Двете резолуции во Генералното собрание на ОН беа усвоени со најмал број гласови за време на вонредната седница – само 93 гласа „за“, што самото по себе е повеќе од индикативно. Дозволете ми да ве потсетам дека Франција и Велика Британија имаат право на вето во Советот за безбедност и можеле да ја отфрлат. Но, тие тоа не го направија“, напиша Захарова на Телеграм.

Таа се запраша кога Франција и Велика Британија се искрени – дали кога американскиот нацрт на резолуцијата во Генералното собрание беше искривен, или кога истиот нацрт беше одобрен без амандмани.

„Потребни се околу три минути пешачење со умерено темпо помеѓу салите на Генералното собрание и Советот за безбедност.“

Генералното собрание на ОН усвои антируска резолуција за Украина, при што 93 земји гласаа за, 18 против, а 65 беа воздржани.


Резолуцијата беше подготвена од Украина во соработка со повеќе од 50 земји, но за првпат без поддршка од САД. Србија гласаше за резолуцијата за Украина, Унгарија против, додека Кина беше воздржана, како и Северна Македонија.

Антирускиот текст на резолуцијата бара од Москва да „веднаш, целосно и безусловно“ ги повлече сите свои вооружени сили од украинска територија. Тој исто така вклучува традиционален едностран повик до Руската Федерација да ги прекине непријателствата.