[ВИДЕО] Апасиев: Честито нови милиони евра, колеги патриоти, со здравје да си ги трошите

Макфакс

12/02/2025

12:18

2.714

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ не го изгласа Предлог-законот на Левица за намалување на патните трошоци на пратениците, напиша претседателот на партијата Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.

„ДПМНЕ не го изгласа предлог-законот на Левица за намалување на ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ на пратениците!

Честито нови милиони евра, колеги патриоти. Со здравје да си ги трошите“, стои во објавата на професорот по римско право.

Пратениците од власта не се откажаа од енормните суми за патни трошоци, рече Мециновиќ

Пратениците од партиите на власт не го поддржаа законот за ограничување на патните трошоци што го предложи партијата Левица.

Пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, смета дека со тоа ќе продолжи праксата на злоупотреба и наплаќање на енормни суми.

„Јавноста веќе долго го артикулира овој проблем и директно влијае врз достоинството на Собранието, пратениците и политичкиот систем. Како анти-естаблишмент партија, ние пробуваме да го вратиме она што народот некогаш го имаше – политичка моќ. Овие кои денес ја владеат државата ВМРО-ДПМНЕ, токму нивниот министер или фридманист – Трајко Славески ги укина патните трошоци за работниците“, истакна Амар Мециновиќ.

Предлогот на партијата е патните трошоци да се пресметуваат: 6,5 литри на секои изминати 100 километри, бидејќи сегашната одредба погрешно се толкува, и пратениците испумпуваат пари за армотизација и патарини.