Го шокираше светот! Макрон во вакво издание никогаш не сте го виделе: Претседателот на Франција објави шокантна снимка!

Точка

11/02/2025

14:07

4.781

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, објави видеа со „дипфејк“ ефекти за да го сврти вниманието кон Самитот за вештачка интелигенција, кој се одржува во Париз, пренесува "BBC".

Во видеото објавено на неговите профили на социјалните мрежи, Макрон реагира на „дипфејк“ снимки во кои се појавува во сцени од популарни филмови и серии.

„Многу добро изработено“, прокоментира францускиот претседател.

Растечката популарност на „дипфејк“ технологијата и потенцијалните закани

Снимките со Макрон, обработени со „дипфејк“ технологија, со месеци кружат низ француските социјални мрежи. Во октомври минатата година, во интервју за „Variety“, Макрон предупреди дека оваа технологија може да се злоупотреби за вознемирување на луѓето.

Некои критичари предупредуваат дека нормализацијата на „дипфејк“ отежнува разликување на вистинските од лажните вести.

Макрон: Вештачката интелигенција може да ги промени клучните сфери на животот

Објавеното видео собра милиони прегледи на неговите профили на Инстаграм, Икс (поранешен Твитер) и ТикТок. Во него, францускиот претседател се појавува во сцена од евродиско хит од 1980-тите, потоа во видео на инфлуенсер за фризури, како и во сцена од акционата серија „Мекгајвер“.

„Но, сериозно, вештачката интелигенција носи огромни можности. Можеме да ги промениме здравството, енергетиката и општествениот живот“, изјави Макрон и додаде:

“Франција и Европа мораат да играат централна улога во оваа револуција, за да го искористат нејзиниот потенцијал, но и истовремено да ги промовираат сопствените вредности“.

Видеото беше објавено во пресрет на дводневниот глобален Самит за вештачка интелигенција, кој започна на 11 февруари во Париз. Главната цел на настанот е да се разгледа влијанието на вештачката интелигенција врз општеството, управувањето и екологијата.

Критики: Опасност од нормализација на „дипфејк“ технологијата

Употребата на „дипфејк“ снимки од страна на Макрон предизвика поделени реакции.

Пол Макеј, главен аналитичар на технолошката консултантска компанија „Форестер“, смета дека ваквата употреба на вештачка интелигенција не е безбедна:

„Претседателот Макрон како „дипфејк“ можеби изгледа како безопасна забава за промоција на самитот, но оваа практика воопшто не е добра. Таа дополнително ја отежнува разликата меѓу реалноста и манипулацијата и придонесува за бришење на границата помеѓу фактите и фикцијата“, нагласи Макеј.

Професорот Ричард Витл од Бизнис школата во Салфорд, исто така, предупредува за ризикот од широка примена на „дипфејк“ технологијата.

„Од една страна, свртувањето внимание на оваа закана е корисно. Од друга страна, покажувањето колку лесно се создава „дипфејк“ може да поттикне негова поширока употреба, вклучувајќи и измами“, истакна Витл.

Глобална декларација за вештачка интелигенција: Дали САД и Велика Британија ќе ја потпишат?

Во Франција се отвори дебата дали Макрон требаше да користи „дипфејк“ видеа, имајќи ја предвид нивната потенцијална опасност.

Самиот Макрон претходно изјави дека вештачката интелигенција мора да биде регулирана и дека оние што шират вакви содржини треба да сносат одговорност.

Новиот Закон на Европската Унија за вештачка интелигенција, кој ја регулира употребата на оваа технологија, беше критикуван на самитот, бидејќи се смета дека може да ја задуши иновацијата.

Европската Унија, исто така, претстави план за развој на паневропски, отворен модел на вештачка интелигенција, со буџет од 37,4 милиони евра.

Се очекува на 12 февруари да биде објавена глобалната декларација за заеднички цели и етички стандарди во примената на вештачката интелигенција, но САД и Велика Британија сè уште не потврдиле дали ќе ја потпишат.