Во далечната 1940 година, светот првпат ги запозна култните ликови на мачка и глушец во цртаниот филм „Puss Gets the Boot“. Иако тогаш сè уште не беа наречени Том и Џери, овој цртан филм беше пресвртница кој ја покрена една од најпознатите анимирани франшизи на сите времиња.
Почеток на легендарната игра на мачка и глушец
Во овој краток анимиран филм, мачката Џаспер (оригиналното име на Том) и глувчето Џинкс (оригиналното име на Џери) се впуштаат во класична игра на надитрување. Дејството го следи Џаспер, кој се обидува да фати глушец, но во тој процес несвесно крши вазна. Неговата строга сопственичка, „Mammy Two Shoes“, го предупредува дека ако скрши уште еден предмет, ќе биде избркан од куќата.
Џинкс вешто го користи ова во своја полза и предизвикува хаос, принудувајќи го Џаспер да го направи токму она што не смее – уште едно кршење. На крајот, „Mammy Two Shoes“ го спроведе нејзиното предупредување и буквално ја исфрли а мачката низ врата.
Креатори и продукција
Цртаниот филм го режираше Вилијам Хана и Џозеф Барбера, додека продукцијата беше предводена од Фред Квимби. Анимацијата е направена под покровителство на студиото МГМ, а ликовите при првото појавување покажаа исклучителна хемија која ја воодушеви публиката.

Иако ликовите првично имаа различни имиња, набргу потоа тие беа преименувани во Том и Џери – имиња кои сега се синоним за класична анимација. „Puss Gets the Boot“ постигна огромен успех и дури беше номиниран за Оскар за најдобар краток анимиран филм. Иако не освои награда, МГМ го препозна потенцијалот на овие ликови, што доведе до развој на целокупната серија.













