[ВИДЕО] Детективката која упадна на имотот на Мајкл Џексон проговори по 23 години: Од морничавите сцени ни денес не може да закрепне

Точка

23/03/2026

14:53

1.485

Големина на фонт

а а а

Стоејќи повторно пред капијата на „Neverland“ по 23 години, поранешната детективка Руби Волф тивко плаче додека гледа детски цртеж врежан на ѕидот. Оваа пензионирана полицајка последен пат била тука во 2003 година, кога извршила претрес на имотот на Мајкл Џексон откако тринаесетгодишниот Гевин Арвизо го обвини за злоупотреба.

Враќањето на ранчот на Кралот на попот, сместен меѓу ридовите на еден час возење северно од Санта Барбара во Калифорнија, само по себе било вознемирувачко искуство. Но, дури кога Руби здогледала карикатура посветена на пејачот меѓу стотици натписи на ѕидот, емоциите целосно ја совладале.

„Ова целосно ме запре“, вели таа бришејќи солзи. „Невиноста на детето е највредната работа, а тука тоа не беше земено предвид, не само од страна на Џексон, туку и од страна на поротата. Невино дете го црта ова... не знаејќи ја позадината на приказната“.


Морничави сцени: Музика од „Peter Pan“ и детски статуи

Руби живо се сеќава на вознемирувачките сцени што ја пречекале кога првпат влегла низ тие капии. „Музиката почна да свири... тоа беше музика од ‘Peter Pan’“, се присетува таа. „Се прашував од каде доаѓа тој звук? Потоа почнувате да гледате статуи на деца во зелената трева. Беше морничаво“.


Движејќи се низ куќата, Руби била шокирана од раскошот. „Никогаш не сум видела таков дом. Тие лустери... сè зрачеше со претерана потрошувачка. Секој дел од ѕидот беше покриен со негови фотографии со познати личности, претседатели, кралици или кралеви“.

Тајната на спалната соба на Џексон и скриената врата

Руби имала задача да ја лоцира спалната соба на Џексон со надеж дека ќе открие клучни докази. Ја алармирал фактот што сите гости кои сакале да влезат во неговата соба морале да ѕвонат на врата. „Полицискиот ум веднаш прашува: Што криеш? Зошто ти е потребно известување или аларм пред некој воопшто да влезе во собата?“.


Кога влегле внатре, вели дека станало „неописливо непријатно бидејќи детските статуи се наоѓале и во малиот ходник што водел до поголема просторија“. Внатре затекнала хаотични сцени: расипана храна, фиоки што се прелеваат и познатите сценски костими расфрлани по подот.

„Сè во таа соба беше во неред. Пронајдов пакет колбаси во пластична кеса... не знам колку долго стоел таму, но веќе беше расипан. Во бањата фиоките беа извлечени и разфрлани. Скапиот часовник што му го подарила Софија Лорен, со посвета, беше фрлен внатре како во кутија за ѓубре. Неговата ракавица едноставно лежеше на подот. Не беше важно што Мајкл Џексон има толку пари... во реалноста, тој е човечко суштество, исто како и сите други“.

Бизарно, во бањата постоеле мали врати што воделе во простор за кој Руби верува дека пејачот го користел за тајни влезови и излези. Подеднакво збунувачко било тоа што Џексон спиел во мало поткровје под тежок прекривач од циркони. „Кој би можел да спие под тоа... беше премногу тешко“, вели таа.


Актовка со материјали за „врбување“

По неколку часа претрес, Руби дошла до големо откритие. „Налетав на актовка во која имаше порнографски материјали, што се поклопуваше со изјавата на жртвата дека со тие материјали бил ‘врбуван’... Тоа беше делот од сложувалката што ни недостасуваше“.

Руби се сеќава на подоцнежното судење како „апсолутен хаос“ додека фановите на Џексон го опседнувале градот Санта Марија. Во еден момент, Џексон излегол од својот џип и почнал да танцува на покривот од автомобилот, што ја запрепастило. „Обвинет сте за многу тешко злосторство... зошто мислите дека е во ред да изведувате перформанс?“.


Средба очи в очи и сомнеж во правдата

Руби сведочела и се присетува на моментот кога се соочила со Џексон во судницата. „Само ме гледаше, го имаше тој леден поглед, како статуа. Не видов дека е загрижен. Ме гледаше право во очи, а јас му возвратив со поглед“.

Одбраната го прикажала семејството на Гевин, а особено мајката Џенет, како луѓе мотивирани од пари и слава. По 14 недели, Џексон беше ослободен од сите обвиненија. „Беше тешко да се поднесе. Дури и сега буди емоции. Кога беше изречена пресудата, тоа беше таков удар што се прашувавме – каде е правдата? Колку негови фанови имавме во поротата? Тоа би било добро прашање“, вели Руби.


Порака до креаторите на новиот филм

Руби, која по овој случај продолжила да работи на злосторства против деца, вели дека се чувствува многу лошо поради новиот биографски филм за Џексон со наслов „Michael“. Филмот, во кој пејачот го глуми неговиот внук Џафар Џексон, наводно ја велича ѕвездата, додека во трејлерот воопшто не се споменуваат обвинувањата за злоупотреба на деца.


На прашањето дали има порака за продуцентите, Руби вели: „Би ги прашала чии џебови се обидувате да ги наполните? Што правите за да ги заштитите невините деца? Нив треба да ги паметиме“.

Во продолжение погледнете го интервјуто што британскиот весник „Mirror“ го направи со Руби Волф: