Еден од најпочитуваните економисти во светот пушти „ладен туш“ врз ентузијазмот на крипто заедницата.
Јуџин Ф. Фама, добитник на Нобеловата награда за економија, предвидува дека најпопуларната криптовалута ќе вреди нула денари за само десет години. Или подобро кажано, нула биткоини.
„Тоа е само дигитално злато ако има употребна вредност“, рече Фама на поткастот, додавајќи примеси на сарказам: „Ако нема употребна вредност, тоа е само хартија. Не, тоа не е ни хартија – тоа е воздух. Всушност, не е ни толку“.
Додека Биткоинот моментално вреди неверојатни 96.731 долари, а вкупната пазарна вредност на крипто надминува 3,15 трилиони долари, Фама предупредува дека криптовалутите ги прекршуваат сите правила на медиумот за размена.
„Тие немаат стабилна реална вредност. Тие имаат исклучително нестабилна реална вредност. Такво средство за размена не треба да опстане“, објаснува нобеловецот, веројатно прашувајќи се зошто сè уште немало голем пад.