[ФОТО] Мајката на Илон Маск се занимава со манекенство повеќе од 50 години: Се прошета на пистата на модната недела во Њујорк

Точка

08/02/2025

16:01

2.919

Големина на фонт

а а а

Меј Маск, мајката на Илон Маск, привлече внимание на модната недела во Њујорк појавувајќи се на ревијата на брендот „Juzui“. Инаку оваа 76-годишничка влезе во светот на модата уште пред повеќе од 50 години.

Гореспоменатиот бренд Маје го опиша како олицетворение на безвременската елеганција. На ревијата таа се појави во проѕирен горен дел, долго здолниште украсено со светки и јакна со пердуви. Кратката коса е нејзиниот заштитен знак, а својот изглед го комплетираше со едноставна шминка.



Иако Меј претходно оствари соработка со други брендови како „Dolce & Gabbana“, „Christian Sirano“ и „Philipp Plein“, а „Juzui“ има посебно место во нејзиното срце.

Имено, таа веќе неколку сезони соработува исклучиво со дизајнерката Таореј Ванг, која изработува креации за „Juzui“.



И покрај тоа што нејзиниот син Илон Маск привлекува големо внимание со своето контроверзно однесување, таа сепак ја изразува својата поддршка за него на социјалната мрежа X.


„Дури и моите пријатели демократи се возбудени за иднината на Америка. Збунета сум, но и среќна“, напиша таа на Х кон крајот на јануари.