[ВИДЕО] Москва тврди дека го зазела Торецк, Киев негира: Контрадикторни изјави за битката во Доњецк

Точка

07/02/2025

18:17

769

Големина на фонт

а а а

Руските вооружени сили објавија дека ја презеле контролата врз градот Торецк (поранешен Џержинск) во Доњецката Народна Република (ДНР), но украинските власти го оспоруваат ова тврдење.

Според соопштението на руското Министерство за одбрана, офанзивни единици од неколку бригади, заедно со доброволци од формацијата „Ветерани“, успешно го „ослободиле“ градот. Министерството исто така објави дека во текот на неделата биле уништени над 3.700 украински војници и дека руските сили напредуваат во регионот.



Украина, пак, негира дека Торецк е паднат. Јевхен Алхимов, портпарол на 28-та бригада на украинската армија, изјави за Associated Press дека украинските трупи не се повлекле од своите позиции. Според него, доколку градот навистина бил заземен, тие би биле принудени на повлекување.


Градот Торецк е стратешка точка со силни утврдувања и развиена железничка инфраструктура, кој украинските сили го контролираат од 2014 година. Доколку навистина падне во руски раце, тоа би можело да значи значително поместување на фронтот во корист на Москва.


Ситуацијата останува неизвесна, додека двете страни продолжуваат со спротивставени изјави за текот на борбите.