Сведочеше Гоце Трајковски на судењето за убиството на Вања и Панче: Имам закани од овие психопативе тука, од нивната партија, да пазам што зборувам

Нетпрес

07/02/2025

13:01

3.065

Големина на фонт

а а а

За првпат во судница денеска се појави и сведочеше Гоце Трајковски, пријател на обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на 14-годишната Вања.

Трајковски не познава ниту еден од обвинетите и како што изјави не е во роднинска врска со никој пд нив.

Се пожали дека по настаните поврзани со случајот, добивал закани.


„Пред да сведочам, сакам да кажам дека имам закани од овие психопативе тука, од нивната партија. Пази што зборуваше да не пропаднеш во дупка. Сакам да кажам дека никој не им се плаши на овие психопативе. Заканите беа од профилот „Недвижности Битола“. Заканата беше да внимавам што зборувам. И после тоа се вклучија во живо од партијата, и самите се издадоа дека се од тој профил. Имам и тужба против нив. Не сум јас 14-годишно девојче да ми се закануваат“, рече Трајковски.

„Цитроенот” веднаш ми падна во очи, возеше 10 км на час

На денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведочи сведокот Гоце Трајковски. Тој раскажа како дошол на идеја заедно со таткото да бараат снимки, а откри и како ,,цитроенот”, со кој беше киднапирана Вања, му паднал во очи , пренесе Фокус.

- На снимките видовме девојче 95% облечено како Вања, но мајката ми кажа дека се разликува по ранецот, рече сведокот.

Потоа Александар го повикал во станот да гледаат снимки, зошто бил уморен и му требало помош.

- Во периодот од 7.15 до 7.30 поминаа 15-тина коли и за секоја направивме скриншут. Ми падна чудно што првите поминуваа со 40-50 брзина, а кога помина ,,цитроенот” многу димеше позади и возеше 10 на час. Се гледаше дека колата е тазе запалена, тргнала од тука некаде, а и прозорите беа замаглени, рече сведокот.


Автомобилот му го посочил на Александар, а тој искоментирал дека немало шанса Вања да се качи во таков автомобил.

Снимката од автомобилите ја пратил на другарот од Сејф сити, а тој го прашал од каде ја нашол колата ,,цитроен”, бидејќи е на велешанец кој исчезнал.