[ВИДЕО] Кој беше Игор Југ? Пријателите скршени од болка се збогуваат од него: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода … нè изедоа по затвори“

Точка

07/02/2025

17:25

4.398

Големина на фонт

а а а

Утринава македонската јавност ја затекна тажната вест дека Игор Југ повеќе не е со нас. Југ беше еден од осудениците за „27 април“ кој издржуваше 12-годишна затворска казна. Тој беше на прекин од издржување на казната поради влошената здравствена состојба. Југ починал дома на 54 години, од кои осум ги помина зад решетки.

Кривичниот суд демантира дека сега веќе починатиот Игор Југ побарал повторување на судскиот процес за настаните од „27 април“. Од Судот излегоа со соопштение по смртта на Југ. Ги демантираат, како што велат, наводите дека судот не одлучувал по неговото барање.


Неговите пријатели, скршени од тага и болка се збогуваат од него на социјалните мрежи.

„Почивај во мир, Игор … Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода … нè изедоа по затвори.!“, напиша Горан Ангелов-Ќосето.


„Игор Југ починал утрово од срцев удар. Не доживеа да види слобода. Бог да го прости и на душа нека го носат оние што првин го искористија, па го оставија да изгние во зандана!!! А и оние што го затворија сто години за носење пиштол, кој никој не го видел!“, напиша Јанаки Митровски.

“Игор Југ починал утрово од срцев удар. Не доживеа да види слобода. Бог да го прости и на душа нека го носат оние кои...

Posted by Janaki Mitrovski on Friday 7 February 2025

„Игор Југ не дочека да го види светлото на денот, а да не е преку решетки. Неправилно осуден, фамилијарен човек, сопруг, татко, мој другар. За нешто што не направил (ова одговорно го тврдам) коските му скапаа во зандани, а неговиот цврст карактер и неговата пркос не му дозволија да се помири со неправдата“, напиша Драган Пешевски.

Игор Југ не дочека да го види светлото на денот, а да не е преку решетки. Неправилно осуден, фамилијарен човек, сопруг...

Posted by Dragan Stari Pesevski on Thursday 6 February 2025

„Чесен и исклучителен патриот, едноставен, директен и правдољубив, таков те запознав во мојот живот и таков ќе останеш засекогаш“, пишува Митко Чавков.

Почивај во мир Игор.

Чесен и исклучителен патриот, едноставен, директен и правдољубив, таков те запознав во мојот живот...

Posted by Mitko Chavkov on Friday 7 February 2025

Кој всушност беше Игор Југ?

Игор беше човек кој често говореше како патриотизмот и идеологијата на организацијата се најсвето нешто за него.

Но, Игор Југ беше човек кој не сакаше да биде амнестиран, сакаше повторно судење. Тој во многу наврати велеше дека доколку биде амнестиран тоа само ќе биде потврда за делото кое им беше накалемено на 33-цата осудени за 27 април. Југ беше осуден на 12 години затвор за делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.


Осудениот Игор Југ на саркастичен начин ја коментираше пресудата за него во која доби 12-годишна затворска казна како обвинет за случајот со упадот во Собранието.

„Постојат две најголеми предавства што човек може да ги направи, а тоа е да си ја предаде татковината, и да си го предаде семејството. Горд сум што никогаш не сум ги предал своите две семејства. Вие оценете дали сум човек кој би бегал, оти ние тоа во Куманово го викаме ‘голо куче‘. Ме осудивте на 12 години и понижен сум, требаше 15 и јас да изедам“, рече Југ.

Често се огласуваше на социјалните мрежи со свои лични ставови.

Исто така, тој имаше ексклузивно интервју во „Претрес“ со Кристијан Ландов каде откри детали за голготата која ја поминал откако беше осуден за тероризам при случувањата на 27 април. Тогаш тој одговори на многу непоставени прашања и нечуени одговори.

За жал, не успеа да го дочека денот кога ќе ја добие посакуваната правда и ќе се врати кај најмилите.

Почивај во мир.

Поврзани вести:

„Последната објава на Игор Југ посветена на ќерка му: Животот ти помина со татко во затвор, а тоа го чека и твојот брат кој наскоро треба да се роди“