Најтенкиот телефон што се преклопува ќе биде достапен на глобално ниво

Точка

06/02/2025

21:13

1.359

Големина на фонт

а а а

"Oppo" потврди дека телефонот "Find N5" ќе биде претставен на глобално ниво во исто време како и во Кина.

Кинеската компанија "Oppo" објави дека нејзиниот претстоен телефон на преклопување "Find N5" ќе биде претставен на глобално ниво во исто време кога ќе дебитира во Кина за две недели.

Знаеме дека "Oppo Find N5" на социјалните мрежи се опишува како најтенкиот телефон на светот со флексибилен екран.

Овој преклоплив модел е нешто потенок од "USB-C" порта. За споредба, "USB-C" портот има минимална дебелина од 2,6 милиметри.

Покрај ова, потврдено е дека "Oppo Find N5" ќе има чипсет "Snapdragon 8 Elite", поддршка за безжично полнење од 50 W и сертификат за отпорност на вода "IPX9".

Титулата за најтенкиот телефон на преклопување моментално ја носи "Honor Magic V3", со дебелина од 4,35 милиметри. Ова значи дека "Find N5" треба да биде дебел близу 4 mm.