Американскиот астронаут Доналд Дон Петит, кој моментално се наоѓа на Меѓународната вселенска станица, на јавноста ` е добро познат по своите спектакуларни фотографии од вселената.
Додека на својот Инстаграм-профил често ги споделува најневеројатните фотографии од Земјата или вселената, краткото видео кое неодамна го објави воодушеви многумина.
Но, не е тоа што помисливте, не е поради некоја случајно снимена тајна како вонземјани или некои мрачни експерименти, туку краток приказ на секојдневниот живот на орбитална станица за која малку луѓе размислуваат.
Имено, Дон Петит снимил ќесичка со со ф’стаци кои се магнетно прикачени на масата покрај ножици, мед, сосови и многу други ситници. Во видеото може да видиме како тој нежно ја удира ќесата и два ф’стаци излетуваат надвор, како во забавена снимка, а тој брзо ги фатил и ги изел.
„Орбитален држач за ф’стаци“, напишал Дон покрај видеото од неколку секунди.
Меѓутоа, она што исто така е шокантно на снимката, а не се гледа, е речиси неподносливата бучава на машините на Меѓународната вселенска станица.
Бидејќи работата на машините, различните пумпи и вентилатори на Меѓународната вселенска станица е неопходна за одржување на животот – контролирање на топлина, влажност, кислород, јаглерод диоксид – бучавата во позадината е доста гласна. И постојано се слуша. Некои други машини, кои се користат за експерименти, може да бидат уште побучни. Според некои проценки, астронаутите треба да живеат со просечно ниво на бучава од 72 децибели со месеци.