Во обидот да останат во топ форма, фудбалерите користат голем број идеи кои ги применуваат и надвор од тренинзите. Една од нив е спиењето со леплива лента преку устата, што е метод кој го користи и Ерлинг Халанд. Веќе некое време овој вирален тренд ја зафати Премиер лигата, пренесе порталот „givemesport.com“. Лепливата лента преку устата ја принудува личноста на дишење преку нос во текот на спиењето и влијае врз физичката подготвеност на играчот.
Лепливата лента преку устата, на Халанд му помага да го забави неговото дишење, да го спречи сушењето на грлото и да го намали бројот на несакани честички кои влегуваат во неговото тело. Освен тоа, телото развива навика да дише преку нос, што позитивно влијае на циркулацијата на крвта и мускулите за време на спортувањето, напиша Ас.
Експертите и претходно предупредуваа за овој тренд, а некои лекари го нарекоа најопасниот за кој неодамна слушнале. Апнеа, ризик од задушување во случај на назална конгестија и можност за задушување доколку дојде до повраќање се некои од опасностите.
Халанд: Правам сè што можам за моето тело да функционира оптимално
Во поткастот на Логан Пол, норвешкиот напаѓач призна дека ги користи сите трикови за да биде целосно подготвен.
„Движење, тренинзи, биомеханика, правам сè за телото да го поттикнам телото на оптимално функционирање. Спиењето е најважно“, рече фудбалерот, и му порача на Пол да ја залепи устата додека спие. „Обиди се да го направиш тоа. Зошто да не? Или додека тренираш. Ќе ти биде малку потешко. Јас го правам тоа, така спијам“.
„Доколку носот ви е затнат или имате проблеми како девијација на септумот, лепењето на устата може да доведе до сериозни проблеми. Замислете да се разбудите среде ноќ и да не можете да дишете. Тоа не е баш сонот на кој се надевавте“, изјави лекар за „givemesport.com“.