Маскирани лица пукаа со калашникови во близина на метрото во Брисел, во тек е голема потрага

Макфакс

05/02/2025

12:21

382

Големина на фонт

а а а

Белгиската полиција трага по вооружени лица откако беше пријавено пукање на една од метро станиците во белгискиот главен град.

На снимката од надзорните камери се гледаат најмалку двајца мажи кои носат фантомки и пукаат од пушки од типот калашников на влезот од станицата Клемансо во Брисел во раните утрински часови.

Федералната полиција, како и железничката полиција и други единици, повикаа засилување во областа.

Според првичните информации нема повредени.

Портпаролката на бриселската полиција Сара Фредериккс рече дека осомничените побегнале во метро станица и можеби се уште се во тунелите на метрото.

Таа додаде дека во престрелката нема повредени. Локалната полиција и федералната железничка полиција ја пребаруваат областа.

Станицата Клеменсо е затворена, како и блиската станица Брисел-Миди, која служи и како терминал за возовите на Еуростар.