Кина се противи на предлогот на Трамп за принудно раселување на Палестинците од Газа

Макфакс

05/02/2025

11:46

278

Големина на фонт

а а а

Кина се противи на предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за присилно раселување на Палестинците од Појасот Газа и се залага за решение со две држави, Палестина и Израел, како одговор на постигнување траен мир на Блискиот Исток, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џијан.

„Се надеваме дека сите релевантни страни ќе го прифатат прекинот на огнот во Газа и повоената администрација како можност за враќање на палестинското прашање на вистинскиот пат на политичко решение засновано на решение со две држави за да се постигне траен мир на Блискиот Исток“, рече Лин.

Тој посочи дека Кина смета дека „Палестинците треба да управуваат со Палестина“, што, како што наведе, треба да биде основен принцип за повоена Газа, пишува Global Times.

Трамп предложи Палестинците да се преселат од Појасот Газа во Египет и Јордан, што тие земји го одбија, пренесува Танјуг.

Тој додаде дека САД ќе го „преземат“ Појасот Газа, опишувајќи ја неговата визија за областа како нова „ривиера на Блискиот Исток“.