[ФОТО] „Живото“ езеро во Турција: Идеална дестинација за релаксација во секој период од годината

Точка

04/02/2025

13:18

1.628

Големина на фонт

а а а

На нешто повеќе од два часа возење од Истанбул се наоѓа Бурса, градот кој е дом на омилената зимска дестинација – планината Улудаг, висока 2.500 метри. Љубителите на грчката митологија ја знаат како Олимп, планината каде што живееле боговите. Покрај 28 километри долгите патеки за скијање и сноуборд, Улудаг е популарен и поради други зимски активности, како што е лизгањето.

Во близина се наоѓа и езерото Улуабат, познато по својата убавина, каде ќе најдете традиционални села, карванската гостилница на патот на свилата „Issız Han“ во близина на селото Улуабат, Центарот за птици во Ескикарагач и некои важни археолошки локалитети, вклучувајќи ја и неолитската населба во Актопраклик, која датира од 6 век пр. н. е. за која се верува дека е една од најраните земјоделски области во северозападна Анадолија.



На некои од островите на езерото сè уште можат да се забележат урнатини од византискиот период, а најзначајни се урнатините на манастирот Св. Константин на островот Наилбеј.

Задолжителна станица за птици

Езерото Улуабат е прогласено за „живо езеро“ со меѓународната конвенција за мочуришта од меѓународно значење бидејќи се наоѓа на клучната европска миграциска рута на птиците мочварки и изобилува со птици преселници во текот на целата година.



Пеликаните, патките, штрковите, ибисите и чапјите се само некои од птиците за кои Улуабат е задолжителна станица. Сепак, птиците не се единствените диви жители на езерото Улуабат. Имено, езерото е дом на повеќе од дваесет видови слатководни риби, вклучувајќи крап, штука, сом, клен и харинга, кои се продаваат на пазарите во Голјази и другите села покрај езерото.

Најубавото место на езерото

„Gölyazı“, старогрчката населба која датира од римско време, некогаш позната како Аполионт, е едно од најубавите места на езерото.





Таму можете да го почувствувате духот на минатите времиња благодарение на архитектурата, древните улици, но и старите обичаи кои таму се негуваат – како што е традицијата на ткаење рибарски мрежи.



Во „Gölyazı“ можете да видите траги од античката ера, како и наследства од римскиот, византискиот и отоманскиот период.

Легендата за полуостровот

Според легендата, оваа област го должи својот изглед на гневот на кралевите и несреќната љубов. Имено еден принц од соседното кралство се вљубил во ќерката на владетелот на тој регион, но таа не го сакала.


Таткото на принцезата, кралот Аполониј, ја скрил во палата на брегот на езерото, што предизвикало гнев кај таткото на принцот, кој поради тоа го променил текот на сегашната река Мустафакемалпаша и ја поплавил областа. Палатата во која се скрила ќерката на кралот останала недопрена, а според легендата вака настанал полуостровот „Gölyazı“.