Започна судењето на поранешниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Шпанија! Сведоштво на фудбалерката која ја бакна во уста: Ми го уништи еден од најсреќните денови во животот!

Точка

03/02/2025

15:21

3.749

Големина на фонт

а а а

Шпанската фудбалерка Џени Хермосо на денешното судење на поранешниот претседател на Шпанската Фудбалска федерација Луис Рубиалес изјави дека бакнежот што и го дал по финалето на Светското првенство во 2023 година „го извалка еден од најсреќните денови“ во нејзиниот живот.

Во реонот на Мадрид денеска почна судењето на поранешниот претседател на Шпанската фудбалска федерација за сексуален напад и принуда.

На Рубиалес му се суди за насилно бакнување на Хермосо на подиумот откако шпанската женска репрезентација го освои Светското првенство во 2023 година во Сиднеј.

Хермосо тврдеше дека не се согласила на бакнежот, што предизвика бес во општеството и надвор од фудбалот и го предизвика еден од најсрамните скандали во историјата на шпанскиот фудбал.

Појавувајќи се како прв сведок на судењето, Хермосо рече:

„Мојот шеф ме бакна, а тоа не треба да се случува во ниту една социјална или работна средина“, објави „BBC“.

Таа рече дека никогаш не му дала дозвола на Рубиалес.

„Ништо не слушнав и не разбрав. А следното нешто што се случи е дека ме фати за уши и ме бакна во уста. Бакнеж во уста се дава само кога ќе одлучам“, рекла Хермосо.


Обвинителството бара затворска казна од една година за 47-годишниот Рубиалес, како и уште една и пол година за принуда бидејќи наводно се обидел да изврши притисок врз Хермосо јавно да каже дека бакнежот бил консензуален.

Рубиалес ги отфрли сите обвинувања.

Судењето ќе трае до 19 февруари.