Синоќа во Лос Анџелес се одржаа 67-ми Греми награди, а на социјалните мрежи се прошири вирална снимка од новинарка кој падна на црвениот килим.
Имено, Келти Најт, дописничка на „Е! News“, известуваше во живо од црвениот килим, каде пристигна во голем стил.
Меѓутоа додека се приближувала кон црвениот килим, се сопнала и паднала, а камерите го снимија непријатниот момент.
„Само оставете ме да живеам“
„Зошто секогаш нешто се случува на црвениот килим? Само оставете ме да живеам“, напиша таа под снимката која насмеа многумина.
Потсетуваме, на доделувањето на Златните глобуси во 2024 година, Келти изгуби дијамант од четири карати на црвениот килим, па побара помош од познатите личности во потрагата по дијамантот, меѓутоа истата заврши безуспешно.