Франција преку Португалија дојде до бронзата на СП

Макфакс

02/02/2025

17:29

281

Големина на фонт

а а а

Француската ракометна репрезентација го освои бронзениот медал на Светското првенство со победата над Португалија од 35:34.

Франција освои нов медал на едно големо натпреварување, a Португалците блескавите игри на СП не ги нагардија со медал.

Во тимот на Гијом Жил, Ајмерик Мин беше незапирлив, постигна десет гола, Дилан Наји постигна шест, додека Бос и Фабрегас постигнаа по четири гола.

Фернсиско Кико Кошта беше најефикасен кај португалскиот тим со седум гола.

Речиси целото прво полувреме се играше гол за гол, а првата забележлива предност ја имаа француските ракометари, кои стекнаа предност од три гола.

Сè што успеаја да направат Португалците до крајот на првото полувреме е да ја намалат предноста на ривалите на два гола.

Во вториот дел Португалија влезе подобро и по девет минути игра ја анулира предноста на Франција. Набргу потоа стигнаа Португалците и до предност од два гола.

Но, тогаш за прв пат од почетокот на мечот се вклучи францускиот голман Мишел Болзингер, кој ги врати „триколорите“ во натпреварот.

Во последните десет минути од натпреварот се играше брз и ефикасен ракомет, со голови на двете страни, што им одговараше на Французите кои имаа гол предност.

Влеговме во драматичен финиш на натпреварот, каде најпрвин Мелвин Ричардсон погоди од седмерецот, а потоа на три секунди до крајот Болзингер го одбрани ударот на десното крило Ареја и на тој начин обезбеди бронза за неговата земја.