Лука Дончиќ се пресели од Далас Маверикс во ЛА Лејкерс во сензационален трејд, во кој Маверикс го добија Ентони Дејвис.
Играчите, тренерите, аналитичарите, коментаторите, новинарите се во шок од трејдот во кој покрај Лејкерс и Далас учестуваше и Јута.
Никому не му е јасно зошто Далас, кој им понуди трејд на Лејкерси, би се ослободил од 25-годишниот играч кој е редовен член на идеалната петорка на лигата и кандидат за МВП.
Одговорот го понуди Тим МекМахон, репортер кој со години ги следи Далас Маверикс за ЕСПН.
Тој тврди дека во Далас биле загрижени поради физичката неподготвеност на Дончиќ на почетокот на секоја сезона, вишокот на килограми, поради што не сакале да му дадат максимално продолжување на договорот од 345 милиони долари за пет години, на што тој има право ова лето.
„Лука треба да престане да се појавува на подготвките со над 120 килограми и полека да влегува во форма во текот на целата сезона. Ова не може да се случува секоја година“, изјави неодамна МекМахон на подкастот „Лоу Пост“.
Дончиќ има проблем со виокот килограми, но секогаш наоѓа начин да доминира во НБА бидејќи може совршено да го контролира своето големо тело во играта. Но во Далас се свесни дека вишокот килограми носи поголем ризик од повреди. Доказ за тоа е повредата на листото со која се здоби на Божик, поради што повеќе од еден месец е на рехабилитација.