Блокбастер во НБА: Лука Дончиќ во сензационален трејд заврши во Лејкерс

Точка

02/02/2025

10:05

1.425

Големина на фонт

а а а

Во сензационален блокбастер трејд, Лука Дончиќ се сели во Лос Анџелес Лејкерс, а Ентони Дејвис во Далас Маверикс, пренесуваат бројни американски медиуми.

Заедно со Дончиќ, во Лејкерси заминуваат и Макси Клебер и Маркиф Морис, додека во Далас ќе одат Макс Кристи и пик од првата рунда на драфтот во 2029 година.

Веста е толку неверојатна што многумина првично помислија дека Х профилот на познатиот НБА инсајдер Шамс Чаранија е хакиран, но тоа го потврдија и други новинари.


Многу брзо по првичната објава, Чаранија ги објави деталите. „Да, вистина е“, мораше да потврди за да ги разбие дилемите околу еден од најголемите трејдови во историјата на НБА.

„Водачите на Лејкерс веруваат дека 25-годишниот Дончиќ може да биде главното лице на франшизата во следните 10 години, додека Дејвис му дава шанса на Далас веднаш да се бори за титулата“, заклучи Чаранија.


Далас сензационално стигна до финалето на НБА минатата сезона, каде беше поразен од Бостон Селтикс, но клубот очигледно не верува дека може да оди до крај со Дончиќ.

Од друга страна, Лејкерси ја добија својата главна ѕвезда во следните десет години и достоен наследник на 40-годишниот Леброн Џејмс.