Кевин Дансо го засили Тотенхем

Макфакс

02/02/2025

13:24

217

Големина на фонт

а а а

Фудбалскиот клуб Тотенхем потврди го реализира трансферот на играчот на Ленс, Кевин Дансо. Репрезентативецот на Австрија ќе биде позајмен до крајот на сезоната, а потоа Тотенхем ќе го откупи неговиот договор за 25 милиони евра.

Дансо со Тотенхем ќе потпише договор со 2030 година.

Дансо во кариерата имаше можност да игра во Англија, бее дел од академијата на Ридинг, а подоцна настапуваше за МК Донс У-18 тимот и Саутемптон.

Во Германија играше за Аугсбург и Дизелдорф, а во 2021 година за 5.5 милиони евра се пресели во Ленс.

Дансо ќе биде големо засилување за Ангелос Постекоглу, кој има големи проблеми со повредите на централните дефанзивци.

Ленс од друга страна комплетираше извореден преоден рок. Клубот заработи 79 милиони евра од продажбите на Абдукодир Хусанов, Ели Ваи и Брис Самба, а кога Тотенхем ќе го откупат договорот на Данс, сумата ќе се зголеми на 104 милиони евра.