Силен земјотрес ја погоди Америка! Луѓето стравуваат од будење на супервулканот во Националниот парк Јелоустоун! Земјотресот се почувствува во неколку американски држави!

Точка

29/01/2025

21:20

2.837

Големина на фонт

а а а

Сеизмичка активност беше регистрирана во делови од Ајдахо, Монтана и западен Вајоминг.

Централните делови на САД ги погоди земјотрес што се почувствува во повеќе американски држави. Националниот парк Јелоустоун беше погоден од потрес, предизвикувајќи загриженост дека супервулканот во паркот би можел да се активира.

Геолошкиот институт на САД (USGS) во вторникот во 20 часот по источно време регистрираше земјотрес со јачина од 3,9 степени во близина на басенот Норис гејзер.


УСГС објави дека во текот на неколку часа по првиот земјотрес биле регистрирани уште три последователни потреси со јачина од 1,0 до 3,7 степени според Рихтеровата скала.

Јелоустоун е дом на супервулкан, кој последен пат еруптирал пред 70.000 години.


„Земјотресот е типичен за регионот Јелоустоун и не претставува знак за значителна опасност“, соопшти УСГС.

Басенот Норис гејзер се наоѓа на пресекот на две раседи што се протегаат една покрај друга, што ги објаснува честите земјотреси во овој регион, пренесува Daily Mail.

Најсилниот земјотрес што ја погодил областа бил во 1975 година, со јачина од 6 степени, но USGS објави дека тогаш била регистрирана мала материјална штета, без повредени лица и без вулканска ерупција.


Националниот парк Јелоустоун, лоциран во северозападниот дел на Вајоминг, е познат по своите гејзери, отвори за пареа и базени со врела вода. Со површина од над 5.500 квадратни километри, паркот е поголем од сојузните држави Род Ајленд и Делавер заедно.

Иако поголемиот дел од паркот се наоѓа во Вајоминг, делови од него се простираат и во Монтана и Ајдахо. Басенот Норис гејзер е сместен во северозападниот дел на Вајоминг. Десетици луѓе испратиле извештаи до USGS за потресот што се случил рано наутро во средата.


Вулканот што лежи под Националниот парк Јелоустоун во Вајоминг има потенцијал да предизвика катастрофална ерупција со јачина од 8 степени.

Истражувачите кои ја анализирале калдерата на супервулканот откриле дека магмата внатре се движи североисточно, што доведува до промени во концентрацијата на вулканската активност.