Поради гласините дека спие со оженетиот Обама, Џенифер Анистон јавно се огласи: Имала да каже само едно

Точка

29/01/2025

11:22

4.319

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка Џенифер Анистон конечно одлучи да стави крај на шпекулациите за нејзината наводна врска со поранешниот американски претседател Барак Обама, кои предизвикаа медиумска бура во последните месеци.

Се започна откако се појавија гласини дека бракот на Барак и Мишел Обама е во криза. Овие гласини дополнително беа поттикнати со отсуството на Мишел од важни настани, како што се погребот на Џими Картер и инаугурацијата на Доналд Трамп. Приказните брзо стигнаа до јавноста, а извори блиски до Џенифер откриваат дека актерката била изненадена и решена да стави крај на шпекулациите.


Џенифер е особено била погодена од фактот дека овие приказни може да и наштетат на Мишел. Актерката, која и самата помина низ слични ситуации за време на разводот со Бред Пит, разбира колку може да биде болно ваквото озборување.

Џен знае колку може да бидат штетни ваквите гласини. „Таа сè уште не разбира како луѓето дури и доаѓаат до вакви идеи“, рекол еден од нејзините пријатели.

Според извори блиски до Обама, Барак и Мишел веќе некое време живеат одвоено, иако разводот сè уште не е официјално објавен. Очигледно и двајцата се подготвени да продолжат понатаму, но сакаат да го направат тоа достоинствено и без медиумско внимание.

Токму поради ова, Џенифер жестоко ги демантираше сите гласините, објаснувајќи дека само еднаш се сретнала со поранешниот претседател. Во гостувањето кај Џими Кимел, таа се насмеа од приказните на таблоидите, велејќи дека ѝ изгледаат целосно апсурдни.

„Ја познавам Мишел многу подобро отколку што го познавам Барак. Сето ова е смешно, не вреди да се лутиш“, изјавила Анистон во емисијата.

Нејзиниот долгогодишен ПР тим исто така ги осуди тврдењата, нарекувајќи ги „чиста измислица“. На крајот Џенифер јасно стави до знаење дека нема никаква врска со овие шпекулации и дека сака да стави крај на оваа приказна.