Кристијан Диор бил еден од најпознатите модни дизајнери на минатиот век. И покрај децениите, брендот Диор сè уште се смета за синоним за квалитет и добар вкус.
Во продолжение, неколку типови жени кои Кристијан Диор ги сметал за недораснати и дека не се вистински дами.
Жени со валкана коса
Како и Коко Шанел, и Кристијан Диор верувал дека најлошото нешто што една жена може да го направи е да излезе од дома со валкана коса. Диор верувал дека за жената не може да се каже дека е негувана ако си дозволи да се појавува во јавност со валкана коса. Чистата коса е една од најсилните предности на една жена.
Женственост
Ако жената не е женствена, тогаш таа не може да се смета за дама. Ако ја негира својата женственост и не ја истакнува, тогаш не е жена, смета Диор. Според него, женствено не се само чевлите со потпетици и фустани, туку и однесувањето, манирите, комуникацијата со другите луѓе.
Чевли
„Вистинскиот доказ за елеганцијата на една дама се наоѓа на нејзините нозе“, изјавил Диор во една прилика. Тој верувал дека женските чевли се неопходен атрибут на женственост. Негуваните жени не можат да излезат од дома со чевли кои не се женствени, а Диор не можел да поднесе патики на женски нозе.
Соодветна облека
Диор верувал дека правилната нега на телото бара и избор на облека што одговара на нашето тело и карактер. Негувана жена е онаа која носи облека која ѝ прилега на нејзината фигура и која умерено ја истакнува, изјавил Диор.