Доколку сакате да патувате, сигурно е дека следите барем еден патописец, а кога е Србија во прашање, има неколку од нив кои се одлични во својата професија и кои уживаат додека трагаат по нови авантури. Еден од нив е Ив Бешеровац, чие видео од Фарските Острови воодушеви многу следбеници.
Имено, тој на една снимка додека бил во оваа земја рекол дека всушност се наоѓа во „најчесната земја во Европа“.
Станува збор за земја која има повеќе овци отколку луѓе, нема киосци за брза храна, а рибата, особено лососот, се јаде во неограничени количини. Интересно е што Фарските острови се познати по тоа што јавниот превоз е бесплатен, а имаат само четири семафори.
Она што е можеби најголемата вредност е тоа што кога излегувате од куќата, не ја заклучувате. „Тие отсекогаш зрачеле со мистериозност на северните нордиски патеки, каде што природата ги покажува своите неверојатни форми. На островите речиси и да нема дрвја, тревата расте на покривите на куќите, а за слетување на авионите во тесните долини потребна е голема пилотска вештина. Овие магични острови станаа една од најатрактивните дестинации за оние кои бараат уникатни места во светот“, изјавил Ив, пофалувајќи ги Фарските Острови.
На Фарските Острови нема палми, но нема ниту многу други дрвја. Силниот ветер, дождот и темните облаци се редовна временска појава, па во отсуство на какви било настани, консумирањето големи количества алкохол е утеха за многумина.
„Веќе стотици години, јата „пилот“ китови, кои живеат во водите на северниот Атлантик, со чамци се протеруваат во плиткиот дел од заливот, каде што стручно и брзо се убиваат, а месото се дели подеднакво меѓу малобројното население на островот каде се случува сето тоа. Сепак, глетката на крвавите води низ целиот залив го ужаснуваат современиот свет, кој се прашува дали во овие времиња и со изобилство на храна, таквата појава е навистина оправдана“, вели блогерот.
Инаку, Ив Бешеровац го следат над 58.000 обожаватели, со кои споделува авантури на сите меридијани на светот. Пред две години, за време на престојот во Узбекистан, тој за малку не завршил во притвор затоа што незаконски чувал дрон кај себе, а според законите на нивната земја, беспилотните летала може да ги поседува само нивната влада, која ги користи за своја цели.