Сите железнички линии се прекинати во Шкотска, како и во поширокото подрачје на Лондон и другите делови на Англија и Велс. Ирска забележа најсилната брзина на ветерот измерена досега во таа земја.
Обединетото Кралство и Ирска беа погодени од бурата Еовин, која донесе невидени услови за оваа област.
Како што пренесе Скај њуз, утринава се откажани бројни летови на аеродромите во Глазгов, Единбург и Даблин поради бурата Еовин.
The approaching #StormÉowyn is genuinely the most impressive-looking non-tropical cyclone I can clearly recall watching on satellite imagery. pic.twitter.com/RwakWII2z4
— Alertas Climáticos 🌊🚨 (@alertasdoclima) January 24, 2025
На аеродромот во Даблин, од 3:30 часот по полноќ, откажани се 110 полетувања и пристигнувања.
„Можни се натамошни откажувања на летови во текот на денот“, соопштија од аеродромот.
Неколку железнички компании исто така издадоа предупредување до патниците да не патуваат на планираните патувања.
Сите железнички линии се прекинати во Шкотска, како и во поширокото подрачје на Лондон и другите делови на Англија и Велс. Ирска забележа најсилната брзина на ветерот измерена досега во таа земја.
Според извештаите, во 4:00 часот утринава во Мејс Хед, округот Голвеј, ветерот дуваше со брзина од 135 километри на час.
Претходниот рекорд од 131 километар на час беше измерен во Фојнес, округот Лимерик, во далечната 1945 година.
На социјалните мрежи се појави видео од округот Кери, на кое се гледа „пијавица“ која се формира во услови на бурната временска состојба.
Twister spotted in Kerry earlier. Amazing #StormEowyn #kerry #StormÉowyn #meteireann #WeatherUpdate pic.twitter.com/sX9hpW4Z4d
— Pòl MacG (@PolMacG) January 23, 2025
Си-Ен-Ен пренесе дека бурата Еовин е „бомба циклон“, која се формираше над Северниот Атлантски Океан, брзо се засили и се очекува да донесе снежни врнежи, како и обилни дождови во некои делови на Обединетото Кралство и Ирска.
Hi Everyone, quick update from Matt, who has been onsite all night to monitor our animals. high time was just after 12, & flooding started by 2.30am. Matt is safe but this is some of the worst we’ve seen. Please stay indoors & stay safe @villagesalthill @GalwayCityCo #StormÉowyn pic.twitter.com/6hDINomiv2
— Galway Atlantaquaria (@GalwayAquarium) January 24, 2025