Балак сумира од досега виденото: Има еден изразит фаворит за титулата во Лигата на шампиони

Дерби

23/01/2025

15:33

595

Големина на фонт

а а а

Новиот формат во Лигата на шампионите отвори многу непознати за голем број великани кои беа навикнати стандардно да бидат дел од осминафиналето, но ако треба да се бираат два тима кои најдобро се снајдоа во новите услови, тоа дефинитивно се Ливерпул и Барселона.

Англискиот и шпанскиот тим обезбедија директен пласман во осминафиналето уште пред да се одигра завршното коло во воведната фаза, а според Михаел Балак, лидерот на табелата за него е и главен фаворит за трофејот во најелитното натпреварување.

Легендарниот германски играч за врска не го гледа Реал Мадрид како топ фаворит оваа сезона, додека има и едно изненадување кога се во прашање фаворитите од сенка.

– Од досега виденото во Лигата на шампиони, Реал Мадрид не е топ фаворит за титулата. Според мене, се издвојува само еден тим, а тоа е Ливерпул. Тие доминираат во Лигата на шампионите и се издвојуваат како главни фаворити за највисок пласман. Пријатно сум изненанден од начинот на кој Арне Слот ја изменаџира транзицијата во тимот. Не е лесно да наследите менаџер како Јирген Клоп.

– Гледајќи на тимовите од втор план, сметам дека Аталанта е фаворит од сенка. Имаат јасен план за игра на офанзивен и дефанзивен план, а тоа го покажаа и во минатогодишното финале со Баер Леверкузен во Лигата на Европа, – додава Балак.