Иванишевиќ типува кој ќе го освои трофејот во Мелбурн: Парите ги ставам на него

Дерби

23/01/2025

15:53

1.913

Големина на фонт

а а а

Горан Иванишевиќ ги заврши своите обврски на Аустралијан Опен по елиминацијата која ја доживеа Елена Рибакина во четвртата рунда, но помалку изненадувачки, тоа значеше и крај на кратката соработка која ја имаа легендарниот Хрват и Казахстанката.

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ брзо сфати дека нема што да бара во стручниот штаб на неодлучната Рибакина, па така откако сам најави прекин на соработката, сега се јави со изјавата која се однесува на машкиот дел од турнирот.

Во пресрет на двете полуфиналиња кои следат во машка конкуренција, Иванишевиќ го одреди главниот фаворит за трофејот, но исто така додаде дека ако се обложува, сите пари би ги ставил на Ѓоковиќ.

– Синер е фаворит и тој е најдобар тенисер во овој момент, но Новак е Новак. Кога Новак е присутен на теренот, секогаш ги ставам парите на него.

– Тој е гениј, чист перфекционист. Она што е добро денеска, за него не е добро утре. Кај него не е доволно да бидете подготвен, кај него треба да бидете на готовс 24 часа во текот на денот. Јас тоа брзо го сфатив и немав проблем да се носам со таквите барања, – вели Иванишевиќ.