Поранешен американски кошаркар: „Ми ставија нешто во пијалакот, речиси ќе умрев од предозирање“

Точка

23/01/2025

15:30

408

Големина на фонт

а а а

Поранешниот американскиот кошаркар Ламар Одом ја „отвори“ душата за ноќта кога за малку ќе го загубеше животот поради предозирање, а изјави дека тој самиот не се дрогирал, туку дека дрогата му била подметната во пијалакот, пренесе „Page Six“.

Одом и претходно изјави дека не користел дрога таа вечер во 2015 година, а сега откри дека верува дека некој го издрогирал во борделот во Невада, по што тој се разбуди во болница неколку денови подоцна.


„Решив да одам до крај“

„Не знам што ми ставија во пијалакот“, рече тој во емисијата „The Kyle and Jackie O Show“. Ламар призна дека не се сеќава на деталите од вечерта која можеше да го чини живот. „Всушност не се сеќавам бидејќи бев во кома“, рече тој. Исто така додаде дека се сеќава дека платил одредена сума пари преку неговата кредитна картичка, надевајќи дека таа ноќ ќе остане тајна.


„Се сеќавам дека бев фрустриран затоа што немав кокаин со себе. Штотуку потпишав документи за развод и решив да „одам до крај“, рече тој, алудирајќи на разводот со ријалити ѕвездата Клои Кардашијан. Одом се присети дека пиел во бордел и се разбудил три денови подоцна во болница. Дури тогаш тој дозна дека неговото излегување било тема во медиумите. „Кога се разбудив, не можев да одам ниту да зборувам. Беа потребни месеци рехабилитација, молитва и решителност за да закрепнам“, рече поранешниот кошаркар.

Тврди дека сопственикот на борделот е одговорен за неговото предозирање

Тој го сподели своето искуство за да им помогне на луѓето кои се борат со истиот проблем, оние кои „не можат да си помогнат и тешко ја разбираат зависноста како болест на мозокот“.


Тој истакна колку е важно луѓето да се едуцираат на оваа тема. Одом претходно тврдеше дека сопственикот на борделот, Денис Хоф, или некој од неговиот персонал е одговорен за неговото предозирање. „Не зедов ништо таа вечер. Се чувствував повреден и некако преплашен затоа што некој се обиде да ми го одземе животот“, рече тој во 2021 година.