Во подготовки нова соработка: Дикаприо и Скорсезе сакаат да снимат филм за сериски убиец од 19 век

Точка

23/01/2025

14:02

376

Големина на фонт

а а а

Леонардо Дикаприо и Мартин Скорсезе преговараат за долгоочекуваната филмска адаптација на најпродаваниот роман на Ерик Ларсон, „Devil in the White City“ (Ѓаволот во белиот град), изјавија извори за „Deadline“. Станува збор за криминална драма базирана на вистински настани, која Ларсон ја објави во 2004 година.

Плановите за филмот беа иницирани пред 10 години

Уште пред десет години, познатиот режисер иницирал планови за филмот, за кој Дикаприо ги откупи правата во 2010 година. Меѓутоа, нивниот проект беше прекинат кога беше објавено дека наместо нив, режисерот Тод Филд ќе ја адаптира книгата, со Киану Ривс во главната улога. Сепак, од непознати причини, Киану се откажа од снимањето на серијата, која на крајот никогаш не ја здогледа светлината на денот.


Сега изворите потврдија дека Дикаприо и Скорсезе веќе некое време работат на филмот, за кој со години веруваа дека е приказна која ќе одекне и ќе ги воодушеви сите љубители на филмот.

За што се работи во книгата?

Приказната го следи лекарот Хенри Х. Холмс, социопат и сериски убиец од 19 век, за кој се верува дека убил околу 200 луѓе. Своите жртви, претежно млади девојки, тој ги шармира, а потоа ги носи во хотелот кој го изградил, каде потоа ги убил за да им ги продаде органите за медицински истражувања. Во неговиот „замок на убиства“, како што на крајот беше наречен хотелот, Холмс имал гасна комора, крематориум и маса за сечење.


„Ѓаволот во белиот град“ би бил седмиот филм на Скорсезе со Леонардо Дикаприо во главната улога.


Досега двајцата остварија соработки во филмовите „Gangs of New York“ (2002), „The Aviator“ (2004), „The Departed“ (2006), „Shutter Island“ (2010), „The Wolf of Wall Street“ (2013) и „Killers of the Flower Moon“ (2023).