Здравко Чолиќ посакувал да стане светска ѕвезда: Снимил песни на германски јазик со посебно уметничко име

Точка

23/01/2025

19:00

545

Големина на фонт

а а а

Зад Здравко Чолиќ стои повеќедецениска кариера и популарност низ целиот регион. Меѓутоа, малкумина знаат дека во младоста тој посакувал да изгради светска кариера, па така снимил неколку песни на германски јазик со посебно уметничко име.

Имено, Чола во 1974 година потпишал договор со музичката компанија „WarnerBros Records“, за која снимил неколку песни, поточно мини-албум, за германското говорно подрачје.

За странскиот пазар Чола се реши за посебно уметничко име и така станал „Dravco“. Под тоа име го издаде и мини албумот „Meine Mutter“ кој содржи три песни – истоимената насловна песна, песните „Rock ’n‘ Roll Himmel“ и „Alles was ich hab“.

Меѓутоа, тој брзо стана популарен во поранешна Југославија, а како што напредуваше неговата кариера на домашен терен, неговата желба за странскиот пазар ослабна.


Иако повеќе не снима песни на германски, во 1987 година легендарниот Чола објави диско-сингл на англиски наречен „Light Me – I’m Not a Robot Man“.