Британскиот актер и комичар Рики Џервејс е познат по повеќе телевизиски проекти, но серијата „Живот после смртта“ („After Life“) остави силен впечаток кај корисниците на филмската платформа Нетфликс. Иако има само две сезони, оваа серија стана култна меѓу љубителите на црниот хумор.
Кучката Анти, која во серијата беше именувана Бренди, имаше значајна улога во „Живот после смртта“ – таа му беше емотивна подрршка на ликот на Џејвејс, новинарот Тони Џонсон, кој се соочува со смртта на неговата сопруга.
Сега актерот објави дека Анти угинала и ѝ посвети емотивна објава на својот фејсбук-профил.
„Тажни вести. Анти, која ја глумеше Бренди во „Живот после смртта“ угина. Таа имаше 13 години и беше многу добра девојка“, напиша Џервејс во описот на нивната заедничка фотографија.
Sad News. 'Anti', who played 'Brandy' in AfterLife, has died. She was 13 and a very good girl 😢
Posted by Ricky Gervais on Wednesday 22 January 2025
Рики имаше само пофални зборови за Анти, а своевремено навел дека таа му помогнала серијата „After Life“ биде неговото најдраго искуство од сите снимања во животот.
Анти успеа да импресионира и други холивудски ѕвезди, како Том Круз, Џорџ Клуни итн.
"Таа живееше со мене сиот мој живот. Таа е дел од мојот идентитет. За мене е многу посебна. Кралицата на семејството. Отсекогаш беше совршено куче. Каква е во „After Life“, таква е и дома“, зборувал Еш Фостер, сопственикот на Анти.