[ВИДЕО] Хрватски филм за воените злосторства во Босна и Херцеговина номиниран за Оскар

Точка

23/01/2025

18:38

852

Големина на фонт

а а а

„Човекот кој не можеше да молчи“ („The Man Who Could Not Remain Silent“) на Небојша Слијепчевиќ номиниран е за Оскар во категоријата најдобар краткометражен филм! Тој ја раскажува приказната за злосторството извршено од страна на припадниците на војската на Република Српска врз 19 цивили (18 Босанци и еден Хрват).

Истиот бил извршен на 27 февруари 1993 година, кога патниците биле киднапирани од воз на релација Белград-Бар на станицата во Штрпци (во близина на Вишеград), а потоа и убиени. Филмската екипа ја сочинуваат: Горан Богдан, Драган Миќановиќ, Алексис Маненти, Роберт Угрина, Приска Угрина, Мартин Кухар и други.


„Човекот кој не можеше да молчи“ влезе во трката за Оскар откако ја освои Златната палма на Канскиот филмски фестивал и Гран при на Меѓународниот филмски фестивал во Мелбурн. Беше вклучен и во листата на филмови на фестивалот за кратки филмови Менхетен („Manhattan Short Festival“).

Успесите не завршуваат тука. Европската филмска академија неодамна го прогласи за најдобар европски краток филм.

Покрај филмот „Човекот кој не можеше да молчи“, во категоријата најдобар краток филм се натпреваруваат и „Залог“, „Ануја“, „Јас не сум робот“ и „Последниот ренџер“.


Доделувањето на Оскарите ќе се одржи на 3 март 2025 година во театарот Долби во Лос Анџелес.