Фустанот на Иванка Трамп за инаугурација беше инспириран од стилот на холивудските диви од 1950-тите

Макфакс

23/01/2025

09:18

753

Големина на фонт

а а а

Откако Доналд Трамп повторно ја презеде функцијата претседател на САД, тој и неговото семејство присуствуваа на бал заедно со потпретседателот Џеј Ди Венс и неговата сопруга Уша.

За специјалната пригода дамите избраа елегантни свечени фустани, а вниманието го привлече Иванка Трамп, ќерката на Трамп во бел фустан без прерамки.

@paullee3012 the Commander in Chief Inaugural Ball! Donald Trump Junior - Ivanka TRUMP - Eric TRUMP - Tiffany TRUMP Inauguration day 🇺🇸 #TRUMP #inauguration #ivankatrump ♬ original sound - WorldWideHistory🌎

Според Вог, фустанот на Иванка од Живанши бил инспириран од креација што ја носела Одри Хепберн во филмот „Сабрина“ од 1954 година, во кој таа глуми заедно со Хемфри Богарт. Сепак, Иванка стави свој печат на оваа комбинација со неколку детали кои се разликуваат од оригиналната верзија на Хепберн. Имено, наместо белите ракавици кои ги носеше Хепберн, Иванка избра црни, а со фустанот искомбинираше и накит.

Ова не е прв пат Иванка Трамп да црпи инспирација за својот моден избор од стилот на холивудските икони. На свадбата на нејзината сестра Тифани, таа носеше син фустан кој изгледаше речиси идентично со фустанот на Грејс Кели во филмот „To Catch a Thief“ од 1955 година.