"FIAT 500e" катастрофално се продава во САД, но и во Европа.
Симпатичниот модел на "Fiat" се продава толку слабо што компанијата беше принудена да го прекине производството на одредено време. Меѓутоа, кога станува збор за американскиот пазар, тие не го следеа примерот на Smart и не отстапија чесно, туку се обидуваат да го направат невозможното – да одат против "Cybertruck".
"Fiat 500e" се продава полошо дури и од моделите кои се повлечени од американскиот пазар. На пример, "Jeep" продаде 435 "Cherokee" модели, а "Chrysler" 978 примероци од моделот 300. Во истиот период, малиот "Fiat 500e" се продаде во само 235.
Наместо да го признае поразот и да се сврти кон други фронтови, "Fiat" направи очајнички потег. Тие решија да ги споредат "500e" и "Cybertruck" и објавија две видеа по тој повод.
Првото е насловено "You Say Tomato, We Say Pomodoro", а според неа инспирација за Cybertruck биле аглите (angles), а за 500e ангелите (angels).
Како и да е, "500e" има погонски агрегат од 119 коњски сили и автономија од 240 километри, а чини 32.500 долари. "Cybertruck" стартува од 608 коњски сили, има автономија од 547 километри и моментално е најпродаваниот модел во САД со цена од повеќе од 100.000 долари.