Резултатската криза во Манчестер Јунајтед генерира голема тензија во и околу клубот, а изјавите на менаџерот Рубен Аморим дополнително го зголемуваат песимизмот кај фановите.
И додека Аморим се обидува да најде решение за лошите изданија и резултати, клупската легенда Рио Фердинанд смета дека клубот треба експресно да се ослободи од тројца играчи.
Поранешниот дефанзивец е убеден дека Антони, Маркус Рашфорд и Тајрел Маласија во моментов се само товар за „црвените ѓаволи“ и клубот треба да ги продаде или позајми.
– Мислам дека Антони сигурно заминува, без разлика дали во Бетис или некој друг клуб.
– Само ослободете се од овие тројца играчи. Знаете како е, ако во екипата играчи кои не се задоволни, таа негативна енергија се шири, заразна е.
– Не е ни важно кој е виновен, едноставно нешто не е како што треба и останува да се докажуваат на друго место, каде ќе им посакам многу среќа, – рекол Фердинанд.