Барселона не дојде до посакуваниот резултат на гостувањето во Мадрид кај Хетафе каде беше освоен само еден бод.
Каталонците добро знаеја со каков противник ќе се соочат и што ги очекува, на време го отворија резултатот, но потоа примија гол по првата шанса на противникот за 1-1. Во преостанатиот дел од средбата имаа шанса кои не ги реализираа, а имаше и една доста спорна ситуација во второто полувреме кога Уче имаше сериозен контакт со Кунде, меѓутоа ниту главниот судија, ниту ВАР собата не се огласија што донесе дополнителна нервоза кај гостите.
Своето незадоволство денеска го искажа претседателот на Барселона, Жоан Лапорта кој пред медиумите порача:
- Срамотно беше судењето на мечот со Хетафе. Скандал е недосудениот пенал над Кунде. Скандал. Тоа треба да го повторувате, - истакна Лапорта.
⬅️Joan Laporta, a su salida de la Ciutat de la Justícia, tras declarar como investigado en una presunta estafa”
— Diario SPORT (@sport) January 20, 2025
🗣️“El arbitraje en Getafe es una vergüenza. Que no se pitara ese penalty a Koundé es un escándalo.
Un escándalo. Deberíais repetirlo más veces”
📹@DBR8 pic.twitter.com/h2jbggwZ3a