Светската ракометна Федерација ова попладне излезе со низа заклучоци по вчерашниот завршен чин на натпреварот меѓу Македонија и Холандија, па покрај казната која е изречена за РФМ, казнета е и Хрватска како организатор на мечот во Вараждин.
ИХФ попладнево изнесе официјално соопштение во јавноста кое било авторизирано од извршниот комитет на Федерацијата, според кое, ракометната Федерација на Македонија е казнета со 10 илјади швајцарски франци за инцидентот кој го иницираа македонските навивачи по финишот на мечот со „лалињата“.
Испровоцирани од лошите одлуки на данската судиска двојка, македонската „Фаланга“ го истури својот бес во вид на фрлени предмети кон теренот, а сето тоа резултираше со официјална казна за РФМ, но и со закана дека следна ваква случка на Светското првенство ќе направи Македонија да игра без својата публика на мундијалот.
ИХФ напоменува дека секој сличен инцидент ќе значи искоренување на македонските навивачи од натпреварите, но се заканува дека и ХРватска како домаќин ќе остане без организација на натпревари во Вараждин.
Иста парична казна како РФМ добива и Хрватската Федерација, а во прв момент, ИХФ донесе забрана за исполнување на дел од трибините, односно за делот кој се наоѓа над двете клупи на теренот.
Овие одлуки се носат со цел да се подобри целата безбедност за одигрување натпревари во Вардаждин, а доколку тоа не се оствари, останува можност ИХФ целосно да ја елиминира салата во овој град од натамошните возбудувања на мундијалот.
Соопштението на ИХФ погледнете го ТУКА.