Интересна сцена беше забележана во тенискиот комплекс во Мелбурн пред осминафиналниот натпревар на Австралија Опен помеѓу Новак Ѓоковиќ и Чехот Јиржи Лехечка.
Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, случајно налета на својот поранешен тренер, Горан Иванишевиќ, во еден од ходниците на спортскиот центар.
Снимката од средбата брзо го обиколи интернетот, а реакцијата на Ѓоковиќ стана тема на разговор на социјалните мрежи.
Ноле застана и водеше краток, пријателски разговор со Иванишевиќ, по што се насмеа од срце на нешто што му кажа легендарниот Хрват. Топлината и искреноста на мигот го привлекоа вниманието на обожавателите.
Погледнете како изгледаше средбата:
Nole arrives with Charlie and meets Goran. The king of Melbourne is in the house ❤️pic.twitter.com/jF41uWnS1a
— ᖴᖇᗩᑎI (@frani2312) January 19, 2025
Да потсетиме, Горан Иванишевиќ, кој своевремено беше дел од тренерскиот тим на Ѓоковиќ, сега ја предводи руската тенисерка Јелена Рибакина. И покрај промената на патиштата во нивните кариери, односот меѓу Иванишевиќ и Ѓоковиќ останува исполнет со почит и спортски дух.