[ВИДЕО] Дончиќ се појави во боите на омилениот клуб на натпреварот на Далас: „Задолжително објави го ова“

Точка

18/01/2025

14:38

1.279

Големина на фонт

а а а

Лука Дончиќ (25) закрепнува од повредата, а на натпреварот Далас – Оклахома (106:98) пристигна облечен во целосно црвена комбинација. Со овој потег тој сакаше да ја поздрави победата на неговиот омилен клуб Црвена Звезда над Монако (88:82) во Евролигата.

„Црвена Звезда. Задолжително објави го ова“, рече Дончиќ по пристигнувањето во салата.

Видеото го објави и Црвена Звезда која исто така потсети на фотографиите од младоста на Дончиќ на кои се гледаат ознаките на белградскиот клуб. Познато е дека словенечкиот кошаркар редовно ги следи настаните во Евролигата, а еднаш изјави дека повеќе ги следи натпреварите од Евролигата отколку оние од НБА лигата.


Дончиќ играше за Реал од 2015 до 2018 година, а во Далас е од 2018. Тој е еден од најдобрите кошаркари во светот. Потсетуваме, Дончиќ на 25-ти декември го напушти натпреварот Далас Маверикс-Минесота Тимбервулвс поради повреда во втората четвртина. Набргу потоа се дозна дека ова му е најтешката повреда откако настапува во НБА лигата. Словенечката ѕвезда нема да игра најмалку еден месец поради истегнување на мускулот на листот на левата нога.